Како да објавам оглас и да стапам во контакт со хонорарец
За сите прашања и информации, можете да не контактирате на телефонскиот број 070 214 325.
Што е Honorarec.mk и како функционира?
Honorarec.mk е платформа за лица кои бараат втора работа, работа на дневница или краткорочни хонорарни ангажмани. Работодавачите објавуваат огласи, а кандидатите аплицираат директно преку сајтот.
Дали мора да направам профил за да аплицирам?
Не мора. Кај поголемиот дел од огласите можеш да контактираш директно преку телефон, е-маил или порака.
Дали огласите се проверени и валидни?
Секој оглас го проверуваме пред објава. Ако нешто изгледа сомнително, не се објавува. Ако корисник пријави проблем, огласот веднаш се брише.
Во кои градови има огласи?
Огласите може да бидат од цела Македонија, со фокус на поголемите градови како Скопје, Битола, Тетово, Охрид, Прилеп и други.
Какви категории на работа можам да најдам?
Може да најдете промоции, теренска работа, администрација, магацин, угостителство, сезонски ангажмани и многу други категории.