Како да направиш силно CV за хонорарна работа (иако немаш многу искуство)

Многу луѓе мислат дека CV-то за хонорарна работа мора да биде богато со искуства — а тоа е погрешно. Работодавачите прво гледаат три работи: дали си брз, дали си прецизеен и дали можеш да започнеш веднаш.
Затоа во твоето CV стави јасни и кратки информации:

  • Твоја достапност (на пример: „слободен сум од 16:00 до 22:00 секој ден“)

  • За каков тип работи си најдобар (физичка работа, терен, логистика, компјутерски работи)

  • Кои алатки/вештини ги познаваш

  • 2–3 кратки примери од реален живот (Си помогнал во гаража, си работел монтажа, уредувал дворови итн.)
    Со ова твоето CV станува практично и корисно — а тоа е токму тоа што го бараат фирмите на honorarec.mk.